Промовиран документарен филм за гимназијата

Гимназијата  „Гоце Делчев“ вчера во Занаетчискиот дом го промовираше документарниот филм за постоењето на ова училиште, формирано 1945-та година. Документарниот филм го следи развојот на училиштето од почетокот до денес, претставувајќи го хронолошки процесот за изградба, создавање на првата учителска школа, учениците, професорите, кои се вградиле во образованието на успешните генерации.

 Промоторот на филмот проф. д-р. Маја Јакимовска Тошиќ, рече дека гимназијата е една од врвните институции во градот низ која низ годините поминале генерации, успешни луѓе кои го презентираат Куманово во државата и светот.

-Документарниот филм содржи дел од историјата на градот, рече Јакимовска Тошиќ.

Авторот на документарниот филм, Марјан Стошевски вели дека филмот е сублимат кој вклучува повеќе фази од формирањето на образовната установа, па се до денес.

-Од гимназијата излегоа академски граѓани, научници, спортисти, политичари кои давале и даваат придонес за развој на градот. Мојата порака до учениците – Учете, колку повеќе знаете толку сте побогати, рече  Стошевски.

На синоќешната промоција, беа наградени и гимназијалците со освоени меѓународни награди, Андреј Величковски, Кристина Спасоска , Сара Стојчевска,  Јована Маниќ. Тодоровска го прогласи и првенецот на генерацијата во гимназијата, Теодора Домазетовиќ која што своето образование го продолжила во Словенија.

Промоцијата на документарниот филм е дел од бројните културни настани во рамките на одбележувањето на Јубилејот 500 години Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)