Промовиран документарниот филм за Драгомир Шојиќ

Во Младинскиот културен центар Козјак синоќа се промовираше документарниот филм за легендата на тамбурашката музика Драгомир Шојиќ. Настанот кој е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, се одржа во рамки на програмата по повод пет века Куманово. Филмот е во режија на Ратомир Цениќ и Небојша Илиевски, а  сценариото е на неговиот син Далибор Шојиќ. Животниот и професионалниот пат на Драгомир Шојиќ во документарниот филм го пренесуваат неговите пријатели и соработници.

-Мислам дека е многу добра ситуација што некој толку детачиран од она што Шојиќ значи за Куманово, од разговорите со градоначланикот со луѓето што биле директно со него врзани ми паѓа на памет мислата токму во овој момент кога Куманово слави пет века постоење можеби е ова вистинскиот момент кој Шојиќ боем каков што бил одбрал да ве собере на овој начин во своја чест-посочи режисерот на филмот Небојша Илиевски.

-Вечерва заокружуваме една трилогија за нашата легенда Драгомир Шојиќ, документарен филм кој ќе го каже се она што Шојиќ го сработел сите овие години, заедно со неговите колеги, табмурашите, од Глечери па се до денот кога замина во вечноста. Ќе кажам благодарност до неговото семејство, и за големата поддршка и за сите денови кога Шојиќ бил со мене, кога немал доволно време да се посвети на семејството. Нека му е вечна слава, и делата и она што го сработи ќе зборуваат за него-истакна Нино Величковски, колега и пријател на Шојиќ.

По повод јубилејот 500 години постоење на Куманово,  Шојиќ постхумно од градоначалникот доби Благодарница за неговиот придонес во рамките на тамбурашкото музицирање и  културна промоција на градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)