Промовиран „Мини прирачник за поезија“

„Мини прирачник за поезија“  е насловот на книгата на поетесата Елена Пренџова, која синоќа беше промовирана во библиотеката Тане Георгиевски. „Мини прирачник за поезија“ е седмо по ред дело на Пренџова, но и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија. Во делото како што истакна авторката се пренесени нејзините ставиви и размислувања за поезијата и поетските форми, кои што ги истражила.

-Креативниот процес секогаш е континуиран меѓутоа никогаш од напред не можам да кажам што ќе биде следно како конечна објава. Тоа не зависи само од мене како авторка туку и од средствата и од издавачите, треба да се состават коцките, меѓутоа јас сум пред се авторка на поезија, поетса така што тоа сигурно би било нешто поврзано со поезијата. Пред да дојдам тука добив коментари од двајца мои пријатели уметници кои ми кажаа дека кумановци се најискрената публика и дека секогаш слушаат со внимание  и посетуваат со голем жар вакви настани така што навистина имам трема јас сега имам очекувања од кумановската публика-посочи авторката.

За делата на Пренџова пред кумановци зборуваше поетесата Оливера Доцевска.

-Најновото дело е книга на есеи кои што се 10 и кои веќе се презентирани на некои поетски книжевни настани и манифестации меѓутоа елена најде за сходно да ги собере во една прекрасна книга која е прекрасно издание, и во кое навистина може тоа не се строги правила за пишување на поеизија, туку нејзини размисли како треба да изгледа поезијата и како треба да се пишува и какво треба да биде чувството кога се пишува-нагласи таа.

Пренџова е магистер по филолошки науки и дипломиран професор по англиски јазик и книжевност. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и организаторка на слем-настани низ Македонија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)