Промовиран проектот „Добредојде бебе“

Во Општа болница Куманово денеска беше промовиран проектот „Добредојде бебе“, во рамките на кој две новороденчиња добија извод од матична книга на родените во болницата. Со оваа новина, како што потенцираа надлежните се олеснува постапката за издавање извод на родените и се овозможува родителите при исписот од породилиште да си го добијат изводот од матичната книга на родените за своето дете, доколку изразат желба и ако за тоа ја имаат потребната документација.

– Овој проект е направен се со цел родителите да не се измачуваат да шетаат по шалтерите на институциите да ги добиваат тие документи кои се многу важни, значи  новородените првиот документ што ќе го носат со себе  изводот од матична книга на родените го добиваат на местото на раѓање, изјави Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство

Министерството за здравство, овој проект го  реализира во соработка со Управата за електронско здравство „Мој Термин“ , МВР и Управата  за водење матични книги.

-Поврзани сме електронски, системот на здравството и нашиот систем функционираат беспрекорно и од утре веќе сите новороденчиња ќе добиваат извод од матична книга на родени во самата болница, изјави Ѓоко Котевски, директор на Управа за водење матични книги

Дисперзијата на проектот продолжува во сите 17 породилишта во државата.

Проектот пред две недели беше промовиран на Гинеколошко-Акушерската клиника во Скопје, а потоа и во специјалната болница „Мајка Тереза“ во Чаир. Заменик министерот Чакаровски информираше дека досега се доделени 91 извод.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)