Промовиран романот „Вез једне младости“

„Вез једне младости“  е прв роман напишан од младата авторка Теодора Цветковиќ  што беше промовиран вчеравечер во центарот за култура во Куманово. 20 годишната студентка на Филолошкиот факултет во Скопје како  член на културно уметничкото друштво „Српски вез“ книгата ја подготвува околу четири години , а во неа пишува за традицијата и обичаите на Србите.  Инсипирацијата ја црпе од патувањата и настапите на самите членови на „Српски вез“ .

– За овој роман добив идеја случајно.   Отсекогаш сум сакала што сум дел од Српски вез , тие ме поттикнаа да пишувам за нив, секогаш кога завршуваа пробите јас пишував нешто убаво за нив, она што ќе ми останеше во најубаво сеќавање и потоа сето тоа го преточив во роман. Во романот станува збор за една  љубовна приказна-  девојче се заљубува во момче кое што игра во Српски вез па се раѓа љубов , тоа е од една страна, а од друга страна јас го опишувам семејството, традицијата, обичаите на Србите, народни носии, опишав се во книгата што многу сакам, изјави Теодора Цветковиќ, автор на книгата

Претседателот на културно- уметничкото друштво,  Далибор Китановиќ вели дека граѓаните на Куманово се доста информирани за фолклорот,  традицијата  и народните носии на српскиот народ.

-Ова книга е скоро 4 години пишувана, била инспирирана од културно уметничкото друштво Српски вез, се спомнува првиот претседател на друштвото Горан Стојковиќ, потоа јас,  во книгата има доста љубов, истата е весела и тажба и инспиративна во исто време. Книгата е дел од еден голем проект на друштвото „Чувари на културното наследство – Млади и традиција во функција на зачувување на културата и фолклорот во РМ во Куманово“ , поддржан од Управата  за соработка со дијаспората и Србите во регионот и финансиски помогна да се реализира печатењето  и промоцијата .  Во рамките на проектот до Нова година ќе имаме своја работилница и книжевна и драмска секција, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“

-Ова пред нас е една книга на млад човек со сите младешки желби и идеи  изјави Гордана Јовиќ Стојковска, промотор

По промоцијата беше проектиран и промовиран документарниот филм „Ви идите ја неќу“ на режисерот Хаџи-Александар Ѓуриќ, кој е заснован по книгата “Љетопис новог косовског распеќа“ на  Митрополитот Анфилохиј.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)