Промовиран романот Не паркирај гаража

„Не паркирај гаража“ е насловот на најновиот роман за деца и младинци на авторот Трајче Кацаров, кој денеска премиерно беше промовиран во кумановската библиотека. Делото зборува за недоразбирањето помеѓу возрасните и децата. Пораката која што ја испраќа делото е дека треба да постои толеранција помеѓу помладата генерација и повозрасните и покрај различните гледишта. Приказната започнува со лутење но завршува со разбирање.

-Тој судир е прикажан низ една интересна приказна, настан кој се одигрува покрај една гаража, место каде што треба да се лоцира и место каде што треба се соберат децата и да му дадат јавност на својот револт, бунт всушност да дадат гласност во одредени социјални средини. Станува збор за судир помеѓу родителите и децата кои ја тераат ситуацијата на страната која што најмногу им оди во прилог-посочи авторот.

Книгата пред кумановци ја промовираа професор .доктор. Мито Спасовски и професор доктор Христо Петрески. Тие истакнаа дека се работи за необично, специфично и оргинално дело на писателот, кој со децении испушува значајни и ретки страници во македонската литература за деца и возрасни.

-Свежа инвенција во современата македонска литература за деца и млади, еден исчекор кој пополнува вакум во современата македонска литература кога правиме некои компаративни проследби на релација современа македонска и современи европски и светски литератури мислам дека кај нас овој модалитет на објава еден свеж, сочен чин и дека Кацаров во право време, можеби можеше да биде малку и порано се појавува и поплнува една празнина. Галерија на ликови, синтези во кои што проникнува едно гледиште за еден град, во кој се идентификуваат бројни сожители, галерија од ликови кои на еден и друг начин дефилираат и зборуваат за една сложена приказна-нагласи Спасовски.

-Се разбира дека сите дела па и ова е автобиографско, писателот колку и да пишува за ликовите всушност тој секогаш можеби во 90 проценти пишува за себе си. Така и трајче кацаров пишува за град кој се вика чушкоград, на некого ќе му личи на Струмица, но и Штип родниот град на авторот. Многу ликови со невообични ликови, со бројни настани, најтопло го препорачувам бидејќи мислам дека ќе почувствуваат и наслада од прочитаниот текст но и дека ќе се навратат во своето детство и ќе се сетат што им зборувале нивните кога тие биле деца, а сега се возрасни-посочи Петрески.

Писателот Трајче Кацаров досега има објавено четириесетина книги, поезија, романи, пиеси, есеи, раскази и поезија за деца. За дел од книгите има добиено високи книжевни признанија и награди.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)