Промовиран романот „Покојникот и лимената гуска“

„Покојникот и лимената гуска“  е роман од авторот Милош Стаменковиќ кој што беше промовиран вчеравечер во Уметничката галерија. Стаменковиќ говорејќи за својата книга посочи дека отсекогаш го фасцинирале луѓето кои што тивко и кратко зборуваат, но нивниот глас се слуша далеку и многу силно. Затоа , како што вели авторот, одбрал таков лик да биде главен јунак во неговата книга, па дури отишол и чекор понатаму и тој лик воопшто и не зборува.

-На почетокот на романот тој страда од удар на гром и нема ни прилика да зборува, тој само се наоѓа во романот без да има некоја функција. И таков лик совршен, за да објаснам еден дел, една реченица која ме фасцинираше од Новиот завет , а тоа е дека силата божја во немоќ се покажува и со таков лик  тоа можев и најдобро да го објаснам бидејќи денеска и не обрнуваме  многу внимание на религија и на Господ кој може да ни помогне, туку се ослонуваме само на нашите сили. Но, да не биде дека романот е религиозен туку само поентата, романот е чиста спротивност ,рече Милош Стаменковиќ, автор на книгата

На промоцијата, делови од романот читаа актерите Горан Илиќ и Кети Дончевска – Илиќ, а беше прочитана и рецензија на книгата.

Стаменковиќ се надева дека напишал и објавил интересна приказна која што  ќе им се допадне на читателите.

Коментари

коментар(и)