Промовиран филмот Куманово-Палета од различни култури

Општина Куманово-Палета од различни култури, е насловен документарниот филм кој денеска беше промовиран во гимназијата Гоце Делчев. Филмот го изработи Телевизија Плус во партнерство со здружението Цивис, а во рамки на проектот Повеќе култури-повеќе вредности. Филмот досега беше промовиран во пет основни и три средни училишта.  Во текот на наредните денови филмот ќе биде промовиран и во економското училиште кое следи настава на албански јазик.

-Во филмот се претставени обичаите, традицијата, културата, различностите на нашиот град.  Реакциите од учениците и во основните и во средните училишта се прилично позитивни и мислам дека на еден ваков начин освен со работилниците и со промоцијата на овој филм придонесуваме за надминување на предрасудите и стереотипите за подобро запознавање на различните етникуми кои живеат во општината а со тоа и прифаќање на различностите на другите, почитување и подобрување на соживотот во општината што е и целта на овој проект-истакна Анета Јордановска, Здружение Цивис.

Инаку овие активности се дел од проектот Различноста е во мода промоција на мултикултурализам на локално ниво, кој што го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијатива во партнерство со Флоренс Најтингел и Стопанска комора на северозападна Македонија. Истиот е обезбеден од Европската унија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)