Промовиран филмот „Мека душа за тврдо железо“

„Мека душа за тврдо железо“  е етнолошкиот документарен филм од авторките Надица Петковиќ и Валентина Илиевска, етнолози во кумановскиот  Музеј што беше прикажан вчеравечер во Занаетчискиот дом. Кумановци имаа можност преку филмот да  ги проследат животните приказни на неколкуте ковачи кои што останаа во градот. Потребното истражување е извршено во зимскиот период кога всушност е сниман филмот. Споре автроките, ова е еден начин да се сочува од заборав и ова наше културно етнолошко богатство“, велат авторките.

Филмот го промовираше м-р Славица Христова, советник етнолог во Музеј на град Скопје, истакнувајќи дека во Куманово има  четворица ковачи, кои што во филмот несебично го споделуваат процесот на ковачкиот занает, нивните приказни како станале мајстори. Најголем дел од нив  го наследиле занаетот од нивните предци, но за жал, веќе нема кому да му го пренесат знаењето.

-Тие многу убаво и емотивно ја раскажуваат приказната како скоро во сите семејства , значи тоа било традиција таа се пренесувала, како што раскажуваат од прадедо, од дедо па татко и на крај тој што денеска уште се занимава со тој занает, но за сите нив една забелешка која е тажна е дека нивните деца кои се школувале не сакаат да го продолжат овој занает. Тие кажуваат дека од овој занает можело убаво да се заработува, дека го издржувале целото свое семејство , се надеваат дека можеби некое дете ќе го продолжи занаетот, но свесни се дека тоа нема да се случи. Друга карактеристика што ми остави впечаток е што тие мајстори со толку љубов зборуваат за својот занает , кажуваат дека уште како мали заради што не завршиле училиште оделе со нивниот татко, го учеле занаетот и ќе слушнете дека со голема љубов го работеле тој занает. Тоа е големината и важноста на овие етнолошки документарни филмови да го зачуваат засекогаш тоа нешто што за сигурно за неколку години ќе исчезне, рече м-р Славица Христова,   советник етнолог во Музеј на Град Скопје

Филмот трае петнаесет минути, а го снимаше и монтираше  Александар Гелевски во продукција на ТВ Плус. Промоцијата е дел од европските денови на културното наследство, по повод 500 години Куманово и се реализира во рамки на манифестацијата Куманово-Град на културата 2019.

Претходно, Христова ги потсети присутните на насловите на останатите документарни филмови од авторките кои досега повеќе беа наградувани на фестивали.

– Да ги прочитам филмовите на Надица кои обработуваат многу актуелни и етнолошки теми кои се или интересни или се во изумирање или ја обработуваат духовната култура, такви се „Жетвата во Арбанашко“, „Говедаров камен“, „Голубарот“, „Албатинот раскажува“,  каде стручен соработник е Валентина Илијевска и „Марков бунар“ каде што , исто така е стручен соработник. Валентина Иванова која исто така работи на музејската збирка народна носија и со Наде заедно и посебно направиле свои филмови За сите овие филмови имаат добиено награди и признанија што кажува дека се изработени професионално и обработуваат интересни теми, рече Христова.

Како што кажа Христова, наскоро ќе биде објавен и новиот документарен филм  насловен „Свадбени обичаи кај Албанците“.

Инаку, филмот  „Мека душа за тврдо железо“ ќе биде прикажан и на другите фестивали во државата и надвор од неа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)