,,Анализа на јавни политики и стратешки документи од сфера на социјална заштита на три нивоа, со посебен осврт на ПВР за законот за социјална заштита‘’

Промоција на ,, Анализа на јавни политики и стратешки документи од сфера на социјална заштита на три нивоа, со посебен осврт на ПВР за законот за социјална заштита ‘’ Куманово 07.12.2018

Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) е клучен процес за креирање добри закони кој се заснова на консултации на засегнати страни, истражување и избор на најдобра опција. Со поквалитетно спреведени ПВР процеси ќе се подобри квалитетот на легислативата, ќе се зголеми учеството на граѓаните, ќе се зголеми законската сигурност, ќе се подобри финансиското планирање и ќе се зголеми транспарентноста.

Во изминитиве неколу месеци Центарот за ромска заедница Дром – Куманово во рамките на проектот ПВР од сенка врз регулативата од сфера на социјална заштита во РМ”  работеше на покренување на иницијатива за заедничка соработка и вмрежување на граѓански организации и локални институции во СИПР во сфера на социјална заштита за заедничко делување во процесот на ПВР. Проектот е дел од програмата за подгрантирање во рамки на проектот,, Проценка на влијание на регулативата во сенка: промоворање и креирање политики базирани на докази“ кој го инплементираат ,,Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со ,,Центарот за економски анализи“ (ЦЕА)

         Анализа на јавни политики и стратешки документи од сфера на социјална заштита на три нивоа, со посебен осврт на ПВР за законот за социјална заштита е документ кој произлезе од активностите на проектот. Намерите беа во насока да одговорат на комплексни прашања :

  • Дали вака институционално поставениот систем има развиени политики согласно потребите на граѓаните ?
  • Кои се резултатите од постоечките политики доколку ги има на сите три нивоа?
  • Дали примената на постоечката регулатива (закони и подзаконски акти), како и на другите мерки или активности кои произлегуваат од социјалните јавни политики, се на задоволително ниво ?

Анализа на јавните политики на институциите надлежни за спроведување на Социјалните политики во РМ

Препораки

  • Потреба од создавање на база на податоци од социјалната сфера која не само што ќе биде создадена, но и во континуитет да се ажурира.
  • Јакнење на капацитетите на администрацијата на сите нивоа за користење на ПВР
  • Јакнење на постоечките капацитети кои работат во општините (општинска администрација) посебно за стратешко планирање и поголема информираност за ПВР,
  • Процесот за ПВР лесно може да се спроведува во постапките на креирање на локални стратешки политики, но и во процесот на креирање и усвојување на општински акти – Одлуки на Советите на Општините што директно влијае на буџетот на општината.
  • Да се градат алатки и механизми за взаемна соработка преку Програми поддржани од Општинските Буџети (овој модул би претставувал вистински пример на децентрализирање на надлежностите , а како пример за мултиплицирање на позитивна пракса го истакнуваме дневниот центар Порака Наша – Куманово, кој ме да се примени во други општини во и надвор од СИПР)

Aнализа на постоечките закони од сферата на социјална заштита и степен на употреба на алатката ПВР во процесот на нивно усвојување со посебен осврт на законот за социјална заштита

Препораки

  • Неопходен е систем за менаџирање со податоци потребни за изработка или измена на одредена регулатива од оваа сфера, но сепак оваа реална ситуација неможе да претставува оправдување за ситуацијата со регулативата од социјалната заштита.
  • Ангажирање на поголем број на службеници кои исклучиво ќе работат на регулатива и на локално, а посебно на нациоланло ниво.
  • Да се направат и напори изворните информации околу квалитетот на регулативата да ја црпат од своите вработени кој работат во Општинските центри (јавните установи за социјална заштита и канцелариите на АВРМ).
  • Локалните невладини организации да превземат конкретни активности за поголема промоција на gov.mk како евтина и најсоодветна алатка за создавање на критична маса за корегирање на предлог – регулативата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)