Промоција на збирката есеи „Разумни сили“

Збирката есеи, под насловот „Разумни сили“ напишана од Македонскиот амбасадор во Виена, Ѓорѓи Филипов, синоќа беше промовирана во Куманово. Станува збор за претходно објавени лични ставови на авторот, споени во едно дело. Филипов истакна дека во есеите се прикажани негови видувања за љубовта, правдата и вистината.

– На прво место е љубовта како најсилна најголема сила со која е создаден светот, мудроста, добродетелта, правдата и вистината. Во книгата се објаснува зошто тие се така поместени и зошто љубовта е на прво место, иако рековме кај секого од нас овие се распоредени, изјави тој.

За организирање на промоцијата се погрижи магистер Анита Ѓорѓиевска, која нагласи дека и претставува големо задоволство да помогне при промоцијата на делото.

-Навистина е мое задоволство големо што сум еден од организаторите на вечерашнава манифестација. Промоцијата на книгата „Разумни сили“ од амбасадорот Ѓорѓе Филипов. Токму оваа улога ми ја додели тој кога се видовме пред месец дена и со задоволство ја прифатив и успеав да ги организирам сите работи, изјави м-р Анита Ѓорѓиевска.

Инаку ова не е прво дело на амбасадорот Филипов, а за во иднина најави повеќе нови дела, бидејќи е задоволен од начинот на кој публиката ги прифаќа.

Коментари

коментар(и)