Промоција на книга „Светлината од Назарет“

Во Центарот за култура вчера се одржа промоција на третата книга на Јовица Ивановски, „Светлината од Назарет“. Ова е втора прозна книга по ред по првата „Монолог на небото“ која што беше објавена 2013 година. Ивановски дебитира на македонската литературна сцена со збирка поезија која што е објавена 1995 година. Прозната книга „Светлината од Назарет“ се одликува со стилот кој што авторот го негува во текот на целото негово творештво. Прозниот наратив има поголема романескна форма во чија што внатрешност се провлекуваат форми на мали раскази. Авторот се задржува на темите кои што ги обработува и во првата прозна книга како што се големите теми на христијанството кои што се преплетуваат во неговиот индивидуален внатрешен свет.

– Ова е прозно дела, јас секогаш велам дека тоа е продуховена книга која што ги опфаќа сите аспекти од човековото живеење, сите успони и падови. Потточно се работи за илустрирање на драма на борба на две еднакви сили, силата на злото и силато на доброто како еден лајт мотив на моето творештво и опфаќа една широка палета на интеракциски односи на глобалната свест, се фокусира на морален религиозен аспект, вели Јовица Ивановски, автор на книгата „Светлината од Назарет“

Промотори на книгата беа Божана Трајковска која што е претседател на Здружение на писатели на „Куманово“ и професор доктор Александар Прокопиев, кој што е еден од зачетниците на постмодерната книжевност во Македонија. Професорот Прокопиев кој што ја анализираше првата прозна книга на Ивановски, заедно со поетот Ефтим Клетников, како одличен познавач на делото на авторот посочи дека стилот на писателот се препознава во сите негови книги.

-Тој многу се храни од убавите метафори, метафоричен јазик. Во македонската поезија ама и во прозата, во поезијата повеќе, има една линија која ја гаи таа метафора, меѓу кои еве Радован Павловски. Тој е раскошен израз кој е натежнат од епитети, метафори, кој што е експресивен затоа што е дел природата на авторот, вели Александар Прокопиев, промотор на книгата „Светлината од Назарет“

Според Прокопиев големо влијание во литературното творештво на Ивановски има и неговиот ангажман во другите уметности. Ивановски покрај тоа што пишува е и ликовен уметник кој што има неколку групни и самостојни изложби, а исто така се занимава и со музика. Прокопиев нагласи дека од голема важност за разбирање на делото на Ивановски е тоа да се има предвид неговиот целокупен творечки опус.

-Она што Јовица си го одликува тоа е неговата голема творечка енергија, како што знаете тој е ликовен уметник, поет, еве сега и прозаист, знаеме дека добро свири гитара. Еден човек во кој духот на уметноста си нашол убаво место и си дејствува. Важно е на тој пат, човекот да има талент што Јовица несомнено го има и важно е самото учење затоа што и пишувањето е еден вид занает, вели Александар Прокопиев, промотор на книгата „Светлината од Назарет“

На промоцијата покрај љубителите на книжевноста беа присутни голем број на истакнати кумановски уметници кои што го следат творештвото на Ивановски од самите негови почетоци.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)