Во Занетчискиот дом во четврток со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години пчеларство во Куманово и кумановско“ на Бобан Стошевски.
Станува збор за дело во кој е опфатен развојот на пчеларството во регинот, реализираните настани, работата за време на ковид пандемијата, подемот на дејноста последниве години, зголемување на членството во пчеларското здружение „Пчела Куманово“, интересот кај младите.
Монографијата е создадена за една година, благодарение и на сведоштвата и фотографиите на членовите и архивата на здружението.
Стошевски истакна дека за издавањето значаен придонес дале членовите на здружението, ликовните уметници, дизајнери, Општина Куманово и неколку општествено одговорни компании.
Се покануваат сите членови на здружението, граѓани, љубители на пчеларството да присуствуваат на настанот. Монографијата е издадена во 500 примероци.