Промоција на новата песна на Мартинијан Кириловски

Мартинијан Кириловски ќе ја промовира својата нова песна „Јас знам“ и нејзиниот видео запис во среда со почеток во 20:00 часот.

Станува збор за песна со летен ритам во поп-рок стил, а текстот и музиката се на Филип Антевски, додека на аранжманот работел Мартинијан со помош на Филип кој е дел од неговиот бенд.

Сите оние кои ќе сакаат премеиерно да ја слушнат песната се поканети да присуствуваат на промоцијата која ќе се одржи во Nama Caffe со почеток во 20:00 часот.

Инаку песната е снимена на македонски и српски јазик, а српската верзија ќе биде промовирана во наредниот период

Коментари

коментар(и)