Промоција на проектот „ BEST“

„Порака наша“  заедно со основното училиште Толи Зордумис и средното училиште Киро Бурназ неделава е домаќин на четвртата меѓународна средба помеѓу партнерите на проектот “BEST” – Најдобри ученици преку најдобри професори . Проектот е координиран од Француската асоцијација Култура 21, во кој освен Македонија и Франција, партнери се и организации и училишта  Полска и Романија.

Според координаторот од Франција, проектот има цел да обезбеди алатки за професори во основното и средното  образование и да осигура ефикасна инклузија на учениците  со посебни потреби и новодојдените , во редовните  паралелки.

– Најглавната цел на проектот е промовирање на еднаквост во образованието на сите што се вклучени во него  без разлика дали се со посебни потреби или не,  другата цел е да се зголемат вештините што ги имаат наставниците за да работат со овие деца, односно да се зголеми нивното знаење и техниките што ги користат при работа со нив и третата цел е  а се запознаат луѓето  од другите држави и да се направи една подлога за понатамошна соработка и разменување на идеи, изјави Бети Тујен Ланоле, координатор на проектот

-Целта на македонскиот тим, задачата на македонскиот тим е да изработи прирачник за учители и наставници во основни и средни училишта за инклузивно образование, исто така наставниците имаа можност преку овие меѓународни средби да разменуваат искуства со нивните колеги од другите земји учеснички и крајната цел е прирачникот да им послужи на сите релевантни фактори во државата од кои што зависи процесот на инклузивно образование, изјави Светлана Димитриевска, „Порака наша“

На свеченото отворање на меѓународната средба во Занаетчискиот дом, се обратија претставници на вклучените во проектот од македонскиот тим, а присутните ги поздрави и градоначалникот Максим Димитриевски, потенцирајќи дека во наредните денови партнерите во проектот ќе иамат можност да ќе споделат  искуства  и вештини со цел да се создаде подобра иднина за децата и заедницата воопшто.

Европскиот проект „BEST“   ќе трае 2 години (2017 – 2019),  а се одвива во рамките на Ерасмус + програмата на Европската комисија, која дава поддршка во областа на образованието, обуките, младите и спортот.
Досега, биле  остварени средби во Франција, Романија и Полска, на кои како партнер учествувале  и претставници на „Порака Наша“  и двете  училишта.

 

Коментари

коментар(и)