Промоција на „Што ми остана од тебе” од Ана Љубиќ

Во Занаетчискиот дом на 6-ти јуни, во вторник со почеток во 19:30 часот,  ќе се одржи промоција на втората книга на Ана Љубиќ, насловена „Што ми остана од тебе” Станува збор за љубовна книга, со реална животна приказна. Приказна за двајца млади со испреплетени животни судбини. Љубов, разочарување, трагање по саканиот, загуба и ново раѓање се само дел од мотивите. Книга која допрва ќе го доживее својот сјај.

Ана Љубиќ е студент на Филолошкиот факултет на катедрата за Македонска книжевност и култура. Пишува детски песнички од мали нозе, а сега ги лови соништата и се стреми кон освојување на највисоките врвови. Пишува поезија, проза и колумни, но има уште долг пат за чекорење.

„Што ми остана од тебе” е книга која вреди да се прочита и да се има во семејната библиотека, авторка чие име од далеку се познава, настан кој вреди да се посети, бидејќи како што вели Ана само преку пишаниот збор може да се остави вечен траг.

Коментари

коментар(и)