Пронајдена бомба од Втора светска војна

Вчера во 12.50 часот во Полициската станица Куманово, вработен во приватна фирма пријавил дека на улица .„11-ти Октомври“, при изведување градежни работи – вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)