Пронајден арсенал оружје кај кумановец

Кумановец во својот дом чувал пушки, пиштоли од различни марки делови од оружје и муниција. Полицијата му поднесе кривична пријава бидејќи се сомнева дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полицијата при претрес пронашла и одзела пет воздушни пушки, една полуавтоматска пушка, три пушки, пиштол непозната марка, две рамки, една кутија со делови од стартни пиштоли, една цевка од непознато оружје и 147 куршуми.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)