Пропаднала шахта, отворена дупка во н. Карпош

Голема дупка длабока три, а широка два метри се отворила пред една недела од левата страна на патеката на улицата „206“ во кумановската населба Карпош.

Случајот вчера бил пријавен од граѓани на телефонскиот број 112, по што околу 10:45 часот информацијата била проследена до Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.

Оттаму во дневниот билтен пишуваат дека биле контактирани сите надлежни субјекти, а одговор добиле од Јавното претпријатие „Водовод“ дека станува збор за пропадната шахта и дека се работи за отстранување на дефектот, стои во билтенот на РЦУК.

Местото, според надлежните, е прописно обележано за заштита од несакани последици.

Коментари

коментар(и)