Прослава за Велигден во „Браќа Миладиновци“

Во основното училиштe Браќа Миладиновци денеска се одржа прослава по повод големиот христијански празник Велигден. Истата е дел од проектот Безбедни училишта, која ја реализира Отсекот за превенција при СВР Куманово. Учениците и наставниците приредија приредба со повеќе музички и ритмички точки. Целата манифестација помина во знакот на празникот и велигденските јајца.

-Заедно со МВР денеска презентиравме дел од православните обичаи, нашата традиција, кулутра сето она што во некои сегменти е различно и што не одвојува од другите, но сепак има многу сличности кои не поврзуваат и на кои ние упорно како училиште работиме со цел да направиме подобра општествена средина во која нашите деца ќе творат и живеат-изјави директорката Марина Манојловска.

Пред присутните за значењето на празникот зборуваше отец Игор Здравковски, од кумановско-осоговската епархија.

-Најдобро може да се разбере каква радост Господ ни дава преку своето страдање кое го отвори за нас еве ваква ќе биде атмосферата во рајот. Да не го замислуваме како нешто нацртано и напишано туку како состојба на безгрижност, како што е безгрижноста на децата. Тука има организација околу подучување на децата за безбедност во училиштата и меѓусебно почитување, Христос на крстот рацете ги рашири за да ги обедини сите, затоа без оглед на вера, нација или какво било идеолошко размислување Христос воскресна за сите-истакна тој.

На прославата присуствуваа претставници од полицијата, основните и средни училишта, јавните претпријатија и други. Вакви заеднички прослави се организираат за најголемите празници, изминативе неколку години.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)