Прослава за мини матурантите во „Бубамара“

Во објектот Бубамара на градинката Ангел Шајче денеска се одржа забава наменета за мини матурантите кои од септември ќе заминат на училиште. По тој повод со пригодна културно уметничка програма, децата се простија од градинката. На прославата присуствуваа и нивните родители, а воспитувачките им доделија дипломи.

-Почнавме оваа година од 31 ви мај и денеска сме тука во објектот каде на еден весел, убав, разигран начин го одбележуваме испраќањето на првачињата кои од септември ќе заминат насекаде низ училиштата во градот. Оваа година во објектот завшуваат 74 мини матуранти од три националности, Македонци, Срби и Албанци. Во објектот Бумабара децата имаат можност сите игровни активности да ги изведуваат на свој мајчин јазик бидејќи постојат две македонски групи, една албанска и билигвалните македонско српска и македонско албанска-посочи  Билјана Чунгурски, одговорен воспитувач „Бубамара“.

Вакви забави за мини матуранти се одржуваат и во другите објекти на Ангел Шајче. Од Бумабара велат дека со задоволство изминатиов период работеле со овие деца.

-Воспитувач е една благородна професија која по завршување на работното време не можеш да ја оставиш и да си заминеш дома, таа е професија која те исполнува со многу емоции, понекогаш позитивни, понекогаш негативни, но тоа брзо и лесно се заборава, на крајот на работниот ден секогаш си однесеш дома, ќе ги поздравам сите негователи и воспитувачи што работат во установата  Ангел Шајче со една порака дека треба да сме среќни и благодарни дека ја извршуваме најблагородната задача односно го имаме најблагородоното работно место-додаде Чунгурски.

Инаку манифестацијата насловена  „Мини забава за миниматуранти“ се одржува традиционално од 2005-та година.

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)