Прослава за мини матурантите во „Кокиче“

Во објектот Кокиче на градинката Ангел Шајче денеска се одржа забава наменета за мини матурантите кои од септември ќе заминат на училиште. По тој повод со пригодна културно уметничка програма, децата се простија од градинката. На прославата присуствуваа и нивните родители, а воспитувачките им доделија дипломи и книги.

-Многу сме горди и среќни, што денеска ќе ги испратиме нема ние да се поздравиме со нив, затоа што дел од нив ќе останат да одат и преку лето, меѓутоа ќе ги поздравиме и ќе им посакаме многу успех во понатамошното школување на 51 прваче. Денеска првата диплома ќе ја добијат во градиника и тоа е една посебна чест за сите учителки, се надеваме дека тие ќе останат само темел на кој и понатаму ќе се надоградуваат нивните знаења и успеси и ќе следуваат уште многу дипломи кои ќе ги направат горди луѓе изјави Ивана Николиќ, воспитувач.

Најмалите истакнаа дека се среќни што наскоро ќе тргнат на училиште. Вакви забави за мини матуранти ќе им и во другите градинки на Ангел Шајче. Инаку манифестацијата насловена „Мини забава за миниматуранти“ се одржува традиционално секоја година

.mini 1

mini4

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)