Прослава на Света Петка во Младо Нагоричане

Во село Младо Нагоричане вечерва традиционално ќе се одржи прослава на празникот Света Петка, каде што се наоѓа истоимената црква. Верниците кои што се очекува да дојдат од сите краишта, освен празнична богослужба ќе имаат можност да уживаат и во богата културно уметничка програма.  Оваа прослава веќе неколку години наназад ја организира месната заедница на Младо Наогичане со поддршка на Општина Старо Нагоричане.

-Планирано да се одржи турнир во мал фудбал, на него ќе се натпреварува домаќинот Младо Нагоричане, Зебрњак, Козјак и Карпош. Како и секоја година општината и сега е спонзор и предвидени се награди за најдобра екипа, фудбалер-изјави Драган Спасиќ заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

Главната манифестација е планирано да започне во 20 часот, а истата ќе ја отвори културно уметничко друштво Српски вез, огранок Старо Нагоричане. Инаку со своја програма ќе настапи и Здружението на пензионери.

Организаторите ги повикуваат заинтересираните да присуствуваат на овој собир. Инаку Свети Петка е и домашна слава на повеќето жители на Младо Нагоричане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)