Протестниот марш продолжува

„Вечерва сум овде  да го подигнам својот глас против срамните обиди на подмолен начин да се протури нов концепт на уредување на државата Македонија, напишан во странски држави,изготвен и инспириран од белосветски стратези и со домашни извршители во обид,сублимиран во документот во т.н.платформа од Тирана“- рече Мирослав Тричковиќ од српската заедница , на синоќешниот протестен марш во организација на граѓанската иницијатива.

-Таа платформа директно е вперена против уставното уредување на Р.Македонија,македонскиот народ, идентитет, јазик,име  и дека создава бинационална држава која пак, води кон разнебитување,кантонизација и федерализација.Овој концепт,додаде  ги поткопува темелите на мултикултурна држава,она што сега го уживаат остамнатите етнички заедници,меѓу кои и Србите.Најбитен момент од таа платформа,додаде е  народи да се прогласат за геноцидни.Тие рече,сакаат да го извалкаат образот на предците, изјави Мирослав Тричковиќ, граѓанска иницијатива

Граѓаните вчеравечер се собраа  пред Соколански парк, поминаа низ главните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)