Протест на „Шарената Револуција“

Пред зградата на поранешен Комитет, вчера граѓаните повторно се собраа со цел да и дадат подршка на „Шарената Револуција“. Граѓаните  на симболичен начин со боите од „Шарената Револуција“ ги обоија жардиниерите кои што се наоѓаат на тротоарот, што претставуваше мирен начин да се изрази револтот против владеачките партии и начинот на разрешувањето на политичката криза. Граѓаните порачаа дека нема да се откажат и да се повлечат од нивните барања кои што ги презентираа на претходните протести и истакнаа дека истите ќе траат се додека не се исполнат сите точки. Граѓанските активисти истакнаа дека нема да се откажат од правдата и слободата и од промените во општеството кои што после оваа криза е неопходно да се случат.

-Ние граѓаните и граѓанките и денеска излеговме да ставиме крај на овој режим и да имаме промени во оваа општество, за се што сторивте во рм за време додека владеевте,за она што им сторивте на лекарите, средношколците, професорите, за она што им сторивте на новинарите и на сите категории на граѓаните. Денеска кажавме  „Не“,  но и понатаму ќе продолжиме. За се ќе одговарате, вистината ќе излезе на виделина, заедно спллотени посилни ќе се избориме за еднаквоста, слободата и правдата во оваа држава, вели Оливера Стојковска, активист

Од опозициската СДСМ потврдија дека како политички субјект застануваат зад сите барања на „Шарената Револуција“. На протестот посебно беше акцентирана и подршката кон Специјалното Јавно Обвинителство кон кое што е упатена целосна доверба за разрешување на правниот дел од политичката криза. Од Социјалдемократскиот сојуз посочија дека како дел од Парламентот ќе дејствуваат во насока да се овозможи непречена работа на Специјалното Јавно Обвинителство.

-Куманово е на нозе, цела Македонија е на нозе, покажавме решеност дека компромис за правдата и слободата нема. Враќање нема, назад нема се додека целосно не ја вратиме правдата, се додека целосно не ја зграпчиме слободата. Од денеска и нашите пратеници, пратениците на опозицијата нема да учествуваат во работата на Собранието, се додека Уставниот суд не се произнесе, се додека не ги тргнат канџите од СЈО и не се остави истото да работи слободно и да ги гони вистинските криминалци, вели Дејан Павлески, СДСМ

Од Социјалдемократскиот сојуз истакнаа дека е неопходно сите граѓани да се обединат и да ги подржат мирните граѓански протести за да се овозможи разрешување на политичката криза.

-Не може и не смее да се да се остане рамнодушен и да се седи на страна затоа одовде посебно сакам да упатам апел и да се обратам до сите оние кои што се сметаат неопределени или можеби се уплашени. Без разлика на верска и национална припадност, победете го стравот, откажете им послушност, немојте да верувате во нивните лаги, немојте да верувате во нивната пропаганда, вели Дејан Павлески, СДСМ

По завршување на говорите, граѓаните се упатија кон зградата на Основниот Суд Куманово каде што и заврши протестот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)