Протест против аерозагадувањето

Група граѓани на „Фејсбук“ најавуваат протест, кој ќе се одржи утре на градскиот плоштад во 19 часот, поради аерозагадувањето во Куманово.

Граѓаните реагираат на загадувањето веќе неколку седмици, особено во вечерните и утринските часови.

-Заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца. Протестот е граѓански. Здравјето нема цена, заслужуваме чист воздух-се вели во соопштението.

Загадувањето на воздухот во Куманово го потврдија мерните станици кои што неодамна ги постави општината. По реакција на општината,  Државниот инспекторат за животна средина побарал од српската страна да провери дали фабрика која се наоѓа во близина на Прешево во Република Србија, е извор на загадувањето кое повеќе дена се чувствува во Куманово. Граѓаните реагираа на непријатна миризба, чад и печење на очите.

Коментари

коментар(и)