Професори и ученици камерно музицираат

Здружението на музички педагози Полихимниа во музичкото нижо училиште Панче Пешев вчера одржа концерт Професорите и учениците камерно музицираат. На концертот настапија ученици од средното музичко училиште Илија Николовски Луј од Скопје и Панче Пешев од Куманово кои учествувале на меѓународниот натпревар Полихимниа кој се одржа од 30-ти март до 2-ри април годинава во Скопје. На натпреварот учествуваа ученици од десет држави, кои ги оценуваше комисија од 11 држави.

-Со овој концерт кој се одржа во Скопје на 2-ри април се затвори фестивалот Полихимниа истиот го повторуваме и денеска. Имаше голем број учесници од ова училиште и остварија извонредни резултати се надевам дека се задоволни, ние сме многу задоволни. Секогаш се учесници на сите натпревари-изјави Николина Ефтимова Тодоровска професор по флејта во ДМБУЦ Илија Николовски Луј.

-Многу е убаво кога ќе се натпреваруваат и кога ќе ги одмерат силите со останатите учениците од други држави, градови во Македонија но и надвор. Да се претстават да се дружат да видат до каде се, да чујат нешто ново, да запознаат соученици тоа е многу важно за нивниот развој и многу пофалби за учениците од ова училиште во Куманово а има и можност да следат и семинари тие странски гости кои беа дел од семинатор но и некои од овие ученици да се запознаат со професорите да стекнат нови методи, техники на изведба-истакна Верица Шатаровска професор по пијано во ДМБУЦ Илија Николовски Луј Скопје.

Меѓународниот натпревар Полихимниа годинава се одржа по втор пат.

 

 

 

Коментари

коментар(и)