Професори од „Еуро колеџ“ на семинар во Филипини

Двајца професори од Еуро колеџ имаа можност од 4-ти до 11-ти август да го посетуваат државниот униерзитет Ифугао на Филипини, и да разменат одредени искуства, но и да стекнат нови вештини и методологии.  Посетата е во рамки на Еразмус плус програмата за мобилност на професори, а под Националната агенција за европски образовани програми и мобилност.

-Извршувавме настава исто така имавме и доста средби со професорите кои се таму и успеавме да дојдеме до одредени знаења, за начинот на кој се изведува наставата за да можеме ние да ги пренесеме тука и нашите начини на кои се вршат предавањата во европските земји да ги пренесме таму и заеднички да направиме одредени подобрувања на целокупната наставна програма што се извршува. Целата програма траеше 7 дена, се извршуваше настава секој ден-истакна Саво Ефремовски, професор на Еуро колеџ.

Деканот на „Евро колеџ“,Љубиша Петрушевски истакна дека е задоволен од сработеното.

-Истите искуства ќе ги размениме во наредниот период во мај 2017 година кога професори од Ифугао ќе го посетат Еуро колеџ, со цел да ги подобриме нашите методологии и да го унапредиме нашето образование, што е всушност целта, на оваа програма. Се надеваме дека националната агенција како надополнување на оваа програма ќе им овозможи на студентите од Еуро колеџ и оние од Ифугао да ја имаат истата можност да направат размена на искуства и меѓусебна посета го заокржуат целиот овој процес, наместо да биде само размена на наставен кадар, туку да има размена и на студенти-нагласи тој.

Петрушевски потенцираше дека Еуро колеџ ќе продолжи да работи на соработка со светските универизитети и на тој начин да придонесе за што подобро образование на своите студенти.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)