Профункционира мерната станица во Куманово

Од вчера е пуштена во употреба мерната станица за квалитет на воздухот во Куманово. Во моментов се мерат три параметри, суспенирани честички ПМ 10, присуството на озон во воздухот и сулфур диоксид, информираат од министерството за животна средина и просторно планирање.  Информации за тоа каков воздух дишеме може да се добијат со отворање на  веб страницата „Мој воздух“  или со превземање на истоимената апликација на смартфоните.

Инаку, кумановци со години немаа информации дали дишат чист воздух бидејќи единствената мерна станица не работеше. Граѓаните беа  загрижени особено последниве месеци бидејќи мерните станици во другите градови покажуваа енормно зголемување на канцерогените ПМ честички.  

При една од последните посети на општина Куманово министерот за животна средина Нурхан Изаири  вети дека ќе се заложи за решавање на овој проблем, односно набавка на потребните делови за санација на дефектот на мерната станица која се наоѓа во кругот на болницата.

Спорер надлежните, новите истражувања покажуваат дека освен транспортот, односно зголемениот возен парк во овој период, домаќинствата  се еден од најголемите загадувачи на амбиенталниот воздух. Изаири тогаш ја пофали општина Куманово дека веќе има превземено краткорочни и долгорочни мерки  за намалување на загаденоста на воздухот , посочувајќи го проектот гасификација.  

 

Според податоците на Светската здравствена организација, Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)