Прочистувачи на воздух од Владата за средните училишта и градинката

Вкупно 27 прочистувачи на воздух добија денеска од Владата, Гимназијата „Гоце Делчев“, стручните училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“, како и детската градинка „Ангел Шајче“. Шест од вкупниот број прочистувачи на воздух ќе бидат поставени во кумановската Гимназија, информира директорката Марија Тодоровска.  

-По предлог листа на објектите кои добиле апликација за прочистувачи на воздух  преку Генерален секретаријат  на Владата на РСМ заедно со координација на Општина Куманово аплициравме и денес добивме шест прочистувачи на воздух кои што одговараат според вкупната корисна површина на објектот. Ова е токму вистинскиот момент кога ги добиваме овие прочистувачи и се надеваме дека условите сега ќе бидат идеални за работа на учениците. Се ближиме кон крајот на првото полугодие, условите ќе бидат подобрени. Апел до родителите – да не се грижат за здравствената состојба на учениците, а прочистувачите ќе бидат поставени во ходниците таму каде што е најголема фреквенција на учениците и наставниците. Оваа година вкупната бројка на учениците изнесува 974, изјави Марија Тодоровска, директор на Гимназија „Гоце Делчев“

По осум прочистувачи на воздух добија средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и градинката „Ангел Шајче“ , а  во „Перо Наков“ ќе бидат поставени пет.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)