Прочка- Проштевајте и простено ќе ви биде

Прости ми, да ти простам“ со овие зборови верниците утре на големиот  празник, Прочка ќе заборават на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на  седум недели пред Велигден.

Прочка  го најавува почетокот на пролетните празници. Празникот името го добил по обичајот на овој ден да се дава и бара простување од пријателите и најблиските.

-Aпел до сите – бесконечно пати да ти згреши ближниот и да побара прошка од тебе ти треба да му простиш. Затоа е и празникот Прочка , нека не помине само во обилни јадења и посета на оние со кои што и онака сме си блиски,  туку нека биде ден кога ќе се сетиме кој ни згрешил нас и од срце да му простиме без разлика дали побарал прочка, ако на некого му пресудиме и не му простиме тогаш автоматски стануваме антихрист и стануваме судија наместо христа, изјави Игор Здравковски, портпарол на Кумановско- осоговска епархија

Веднаш по Прочка во понеделник почнуваат Велигденските пости. Според свештените лица,

Веднаш по Прочка во понеделник почнуваат Велигденските пости. Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости.

Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден,  вкупно 48 дена.

Инаку, од постот никој не може да биде ослободен, но има извесни олеснувања за болните, изнемоштените, децата и сл. Во таа смисла за овие луѓе може да се дозволи употреба на масло и вино, но никако и месо, јајца, млеко, па дури и риба. Но, според свештените лица најбитно е постот да биде пропратен со литургија.

По најдолгиот и настрогиот пост верниците на ден велигден одат во црква  и се причестуваат, по што го слават денот на Христовото воскресение Велигден.

-Постот треба да биде пропратен со литургии, во среда и петок, пост , молитва исповед. постот треба да биде радост а не тага, поради тоа што нешто ќе ни фали од јадењето, овој пост е од понеделник до петок без масло.  Сабота и недела со масло се пости , а на Цветници и на Благовец се јаде риба, само тогаш, луѓе кои што допрва почнуваат да постат,  кои што се стари , изнемоштени или ако имаат тешка физичка работа, градежни работници,  а сакаат да постат , нека пријдат во било кој храм од нашата епархија да земат благослов и тој ќе биде за нив да го прават она што сите ние православни луѓе го правиме, бидејќи не смее телото да страда за време на постот, туку треба уште повеќе да зајакнува и да се смирува, меѓутоа со духовна сила да зајакнува, изјави Здравковски.

Велигден годинава се прославува на 16 април, на ист датум со католичкиот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)