Проширени субвенциите за комуналии во Куманово

Проширен е опфатот на социјално ранливи категории граѓани кои можат да се пријават за субвенции за комунални услуги кои ги доделува општина Куманово за оваа година, информираа денеска надлежните од секторот за социјална заштита.

– На последната седница на советот беше изгласана измена и дополнување на претходната одлука, така што покрај останатите граѓани од социјален ризик, субвенции за сметките за вода и смет ќе добиваат и слепите и глувите лица, изјави раководителот на секторот, Цоки Ристовски.

Барањата можат да се подигаат до 15 март во архивата на општина Куманово и на портирницата во зградата на поранешен АД „Козјак” спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)