Психичкото насилство – најприсутно во Куманово

Психолошкото насилство е се поприсутно, а се зголемува и економското , за разлика од физичкото насилство велат од хуманитарното здружение „Мајка “ по повод  Меѓународниот ден за борба против  насилството  врз жените.  Според  претседателката Лидија Илијевска , иако психичкото насилство е позастапено, жртвите најчесто не го препознаваат, а  и многу тешко се докажува во судска постапка.  Освен жените, жртви на семејно насилство може да бидат и мажите и децата. Од вкупно 16 евидентирани случаи  во министерството за труд и социјална политика, 4 жртви на семејно насилство се деца . Но, разлика од порано кога ова се сметаше за табу-тема, последниве години, а особено со донесувањето на Законот за превенција од семејно насилство се повеќе јавно се зборува за насилството, а тоа ги охрабрува жртвите и повеќе да пријавуваат.

-Има жртви на семејно насилство што пријавуваат , но тие само пријавуваат , а понатаму кога треба процесот да продолжи да се покрене судска постапка тие ја повлекуваат пријавата. Инспекторите што работат  на семејно насилство во полиција кажуваат дека доаѓаат жртви пријавуваат ама велат немојте да го притворите, да го водите на суд , туку само да го заплашите, но, така не може. Тука има процедура, штом се пријави , инспекторите прават записник и понатаму го проследуваат до повисоки инстанци, ретко се одлучуваат за судска постапка , но има, на ниво на државата има 5-6 случаи, изјави Лидија Илијевска, претседател на ХЗ „Мајка“

Од денеска до 10 декември ќе се спроведува 16 -дневна кампања за запирање на кршењето  на правата на жените. Во одбележувањето се вкулчува и „Мајка“ , како и секоја година преку поделба на пропагандени информативен материјал на градскио плоштад или пак во установите и училиштата. Годинава, активностите ќе се спроведат на завршувањето на оваа кампања, а дотогаш хуманитарното здружение ќе биде дел од активностите на државно ниво.

-Во текот на овие 16 дена ќе се вклучиме преку други организации на ниво на државата кои што работат  на оваа проблематика, ние сме дел од една Платформа за родова еднаквост со седиште во  Скопје и преку таа платформа реагираме на различни настани или несакани дејства што се случуваат во РМ  во однос на жената.Преку платформата сега се трудиме да учествуваме и на јавната расправа или разгледување на европскиот извештај за Македонија од родов аспект кој што ќе го прави Комисијата за еднакви можности при парламентот, изјави Илијевска.

Според Илијевска, кога има пријава за жртва на семејно насилство сите надлежни институции, центарот за социјална работа, полицијата, здравстевните установи, училиштата, невладините организации треба да си ги преземат обврските, но и координирано да соработуваат. Формирана е и Мултисекторска комисија која што од секој аспект  го разгледува проблемот на жртвата а потоа го оценува степенот на насилството. потоа го оценува степенот на насилството и според таа проценка понатаму се постапува.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)