Публикација за жртви на интернет злоупотреба

Проектот „Биди безбеден -Едукативна поддршка за лица со интелектуална попреченост кои што биле или се жртви на интернет насилство или криминал“ е проект кој резултираше со публикација во која што се собрани студии на случај  во кој се демонстрирани примери на ситуации во кои лицата со интелектуална попреченост можат да станат или вистински станале жртви на интернет криминал, вклучувајќи го и интернет насилството . Проектот го спроведува дневниот центар  „Порака наша“ заедно со Република Полска, Португалија,  Чешка и Белгија,  вели Фросина Симоновска, социјален работник во „Порака Наша“.

-Со ова сакаме да покажеме дека и лицата со интелектулна попреченост иако имаат намалена моќ на расудување и размислување можат да станат жртви на интернет злоупотреби или сајбер криминал како што некои тоа го нарекуваат и дека истите треба да се охрабрат и да го пријават случајот бидејќи направивме контакти со СВР Куманово и знаеме дека вакви случаи или ретко се пријавуваат или воопшто не се пријавуваат. Како резултат на тоа потребна е системска поддршка на лицата со интелектуална попреченост да се охрабрат повеќе да говорат за оние проблеми или предизвици на кои наидуваат , а еден од тие е тоа дека тие се често жртви на интернет насилство и како резултат на тоа да се обезбеди соодветна психолошка стучна помош, изјави Фросина Симоновска од „ Порака наша“

Проектот е проект на 21-от век, дел е од Еразмус + програмата, започнат во октомври минатата година, а ќе заврши идната, вели Симоновска. Публикацијата ќе биде достапна на официјалната фејсбук страница на дневниот центар„ Порака наша“ .

-Во публикацијата има повеќе студии на случаи кои што се споделени и коментирани од стручни лица, психолог или лице вработено во СВР Куманово кои што можат да дадат соодветен коментар па дури и да охрабрат доколку има сторено или има сомнение за сторено кривично дело, истото да биде пријавено, изјави Фросина Симоновска,  дневен центар „Порака наша “

Публикацијата е достапна на англиски, чешки, француски, македонски, полски и португалски јазик на проектниот вебсајт.http://besafe-project.eu/mk/library/.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)