Пуштена во употреба спортска сала во Липково

430 ученици од  основно училиште „Дитурија“  во  општина Липково од денеска часовите по физичко образование ќе ги одржуваат во спортска сала.  Владиниот проект за изградба на 145 спортски училишни сали континуирано се реализира во сите општини низ државава. Според надлежните ова е пример за успешна соработка меѓу централната и локалната власт со цел модернизација и усовршување на училишната инфраструктура.

-Ова е втора сала во липковско,  која се протега на површина од 650 метри квадратни. За оваа спортска сала се издвоени 23 милиони денари или 430.000 евра финансирани од министерството за образование и наука во соработка со општина Липково, изјави Абдулаќим Адеми , министер за образование

Спортската сала ќе биде повеќенаменска, но пред  се ќе ја користат учениците за часовите по физичко образование.

-Првенствена задача на општеството е да се унапредуваат и усовршуваат условите за образование на децата во општеството. Во рамките на оваа мисија и платформа ние се залагаме за да изградиме услови многу подобри од оние кои  вчера ги имале децата. Ние преферираме да бидеме дел  на Европа, а во Европа се бараат стандарди во сите области и  во политиката, но  и во образованието, изјави Али Ахмети , претседател на ДУИ

Владата ќе продолжи со проектите и со другите спортски  сали во општина Липково. Ова е втора сала во липковско, првата веќе ја користат учениците во селото Слупчане. Проектот на Владата на Република Македонија  има за цел да ги унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Овој проект опфаќа изградба и опремување на училишни спортски сали , и тоа 30 во средните училишта и 115 спортски сали во основните училишта. Со проектот  придобивка во смисла на обезбедени услови за спорт ќе имаат вкупно  110.000 ученици. Буџетските средства кои ги обезбеди Владата за овој проект изнесуваат 4,2 милијарди денари на ниво на државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)