Пуштена во употреба улицата „Севдо Станковски“

Улицата „Севдо Станковски“, која се наоѓа во близина на џамијата во населбата Тоде Мендол  денеска беше пуштена во употреба.  Претходно на истата беше поставена канализациона мрежа. Активноста е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.

-Овде беше доста уништена инфраструктура претходно има корегирано подземна инфраструктура и е направена улица во должина од 135 метри околу 850 квадратни метри од тековната програма за одржување на улици. Продолжуваме овие денови е почнато со долниот слој на улица Перо Илиевски и ќе биде завршено асфалтирање, потоа продолжуваме со улицата Шарпланинска и Црнотравска е во фаза, Братство и единство е распишан тендер, Јоско Илиевски е веќе почнато-истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Во рамки на активностите за санација и реконструкција на патната  инфраструктура е предвидено асфалтирање од околу 30.000 квадратни метри како и 7.000 квадратни метри крпење на ударните дупки.

 

ulica-divo-naselje-2

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)