Пуштено во употреба првото детско игралиште

Во населбата „Тоде Мендол“ вчера беше пуштено во употреба првото детско катче, проект на општинската организација на СДСМ Куманово. На теренот се поставени различни детски реквизити и урбана опрема, лулашки, клацкалки и клупи. Планирано е да се изградат вкупно 15 детски игралишта во различни делови на градот. Средствата како што посочи претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски ги обезбедиле членовите на партијата.

-Многу долг временски период во делот на ваквите содржини за најмалите во Тоде Мендол не е направено, од ова место, во координација и со градоначалникот сакам да најавам една донација на мало фудбалско игралиште кое ќе биде ставено до ова детско катче, кое се надевам до крајот на годината ќе започне со работа. Многу има за работа многу има за градба, но да оставиме и институциите да дадат уште повеќе напор, да се направат и решат сите оние работи кои им требаат на граѓаните. Ова е наша добра волја, солидарност кон општествената одговорност на секој член-нагласи тој.

-За прв пат е направено вакво игралиште во Диво насеље од нашата партија и очекуваме уште други работи-истакна Артен Ратифи, потпретседател СДСМ Куманово

Веќе од наредната недела треба да започне изградбата на детското катче во населбата Перо Чичо, па во Гоце Делчев, како и во другите делови на градот. Проектот го поддржа и потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој оствари средба и со граѓаните на населбата Тоде Мендол.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)