Пуштен во употреба мостот кај стадионот Башкими

Жителите на месната заедница Јоско Илиевски денеска го прославија пуштањето во употреба на новиот мост на реката Којнарка, во близина на стадионот Башкими.  Средствата за мостот кој беше оштетен пред  неколку месеци од поројните дождови се обезбедени  преку граѓанското здружение „Беса “ и жителите на Јоско Илиевски. Според претседателот на месната заедница, мостот го симболизира соживотот на граѓаните во тоа населено место.

-Контактиравме со општинските власти, но такви беа околностите што моравме да направиме граѓанска иницијатива со активистите и донаторите на здружението Беса кои работеа макотрпно за да изградат  мост со европски стандарди. Мостот не чинеше околу 24.000 евра го надгледуваа од надзорната комисија  и работите одеа според планот и проектот. Мостот се изгради за 15 дена ги забрзавме работите плашејќи се од невреме, изјави Аслан Фазлиу, претседател на М.З. Јоско Илиевски

Граѓаните изминативе месеци со своите возила обиколуваа по два километри за да стигнат до центарот на градот, бидејќи по мостот кој е единствената врска со градот, можеше да се поминува само пеш.

-8 месеци ние се соочуваваме со големи тешкотии и опасности имавме проблеми се плашевме децата да не паднат во реката, со изградбата на овој мост ние сме многу задоволни што со деца свечено го отворивме мостот, изјави Аслан Фазлиу, претседател на М.З. Јоско Илиевски

Мостот е долг  14 метри, широк 4 метри, a  ќе го користат околу 1.000 жители на населеното место.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)