Пуштен во употреба новиот салон на Македонски Телеком

Реновираната продавница на Македонски Телеком на градскиот плоштад во Куманово, денеска, беше пуштена во употреба. По тој повод имаше најразлични подароци, изненадувања и поволности за корисниците на нивните услуги. Со обновувањето, во самата продавница е внесен модерен и атрактивен изглед, којшто овозможува интерактивен пристап при што производите се приближваат до самите корисници и ја олеснуваат услугата за вработените.

– Исто така што сакам да го напоменам и што особено сум горд е што во самата продавница вметнавме еден локален мотив, го вметнавме ликот на Батко Ѓорѓија што ете ќе биде еден израз на куманово и кумановско. Она што е посебно важно е на сите корисници кои ќе дојдат да го обноват или да склучат нов договор во салонот имаме попуст на таблетите до 60%, изјави Владица Смилевски, менаџер на Македонски телеком.

Како што вели Смилевски, лојалните корисници на услугите, уште од раните утрински часови го посетиле реновираниот објект, а заинтересираноста за понудите ги надминала нивнитее очекувања. Корисниците со големо задоволство ги прифаќаат понудите, а Македонски Телеком се стреми за константно подобрување на услугите, додава тој. Со ова реновирање, се завршува со обновувања на салоните во Куманово, а остануваат продавниците од другите градови на Републиката.

-Во Куманово завршивме, двата салони се реновирани, во Македонија следи реновирање на нови десет салони, така што концептот кој е и во Германија се пренесе и тука што се створи една компактна целина не Дојче телеком. Очекуваме уште поголеми новини и понуди да понудиме на пазарот, вели Смилевски.

Од Македонски Телеком најавија голем број изненадувања и поволности по започнување на школската година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)