(ВИДЕО) ПЦЕР: Да се негува меѓуетничкиот живот во Куманово

-Балканот претставува мозаик од различни нации, култури и религии, а Куманово претставува Балкан во мало. Во Куманово заедно живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи и други, што претставува и најголемо богатство на нашиот мултикултурен град.

Ова богатство е неопходно и во иднина да се развива, поддржува и негува, поради што е потребно за градоначалник да избереме човек кој добро ги познава потребите на сите и кој во своето досегашно работење има постигнати значајни резултати во подобрувањето на меѓуетничкиот живот преку еднаков однос кон сите граѓани.

Затоа, почитувани сограѓани, Ве повикувам да го поддржиме кандидатот за градоначалник на Куманово на СДСМ и коалицијата Оливер Илиевски и листата на советници предводена од Атина Мургашанска, а која листа го отсликува мултиетничкиот карактер на Куманово со оглед на фактот дека на листата се наоѓаат докажани професионалци од сите етнички групи, рече на прес-конференција Северџан Сулејмановски од ПЦЕР

Коментари

коментар(и)