Пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово донираше мед на корисниците на дневниот центар „Порака наша“. Членови на здружението „Пчела“ утрово ги посетија корисниците на дневниот центар и лично им врачија триесетина тегли со мед, нивно производство.
Пчеларите најавуваат понатамошна дружба и соработка со тимот и корисниците на „Порака наша“.