Пчеларите организираа предавање

Пчеларското здружение Пчела синоќа организираше предавање на тема Пчеларството како занимање и начинот на одгледување кошници. Пред присутните зборуваше магистерот по биотехнички науки, Лев Плужников од Република Србија. Тој го сподели своето знаење, искуството, но и успешноста со пчеларството во неговата држава. Додаде дека селењето на пчелите е значаен процес во ова занимање.

-Би требало и младите пчелари тоа да го прифатат да предизвикаме интерес кај општеството, кое ќе помогне со субвенции но во секој случај ако видат дека пчеларите овозможуваат нешто на самото општество тогаш и тие ќе го овозможат тоа. Во Србија на пример сунбвенцијата по кошница е 600 денари се предвидува и повисока цена но на тој начин ги вклучуваме и младите пчелари кои се тука, гледаат интерес, работат пчеларство-нагласи тој.

Професорот Плужников потенцираше дека заработката од извозот на мед во споредба со месо, во Република Србија е дури 12 пати поголема.

-Ние против климата не можеме ништо се случува тоа и затоа кога пчеларството е во прашање треба да гледаме 10 години наназад, да видиме каква е есостојбата, дали теренот овозможува мед кој пчелите ќе го собираат и дали има некој профит од тоа, интерес од што ќе може да живее, да не биде во загуба-потенцираше професорот.

Претседателот на здружението Пчела, Часлав Ристовски истакна дека ваквите предавања се дел од нивната програма.

-Секоја година во зимскиот период организираме едукативни предавања за своето членство и пошироко, на теми од областа на пчеларството воглавно предавачите се од тука, професори од факултетите од Макединија но во програмата секогаш вклучуваме и од странство, претежно од Србија, бидејќи регионот и начинот на пчеларство ни е сличен и затоа соработката е со нив-истакна Ристовски.

Тој додаде дека е задоволен од интересот кој што го има кај кумановските пчелари за следење на предавањата.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)