Работилница за носии во Старо Нагоричане

Во просториите на тренинг центарот Млади за млади во Општина Старо Нагоричане синоќа беше пуштена во употреба работилница за шиење на носии и изработка на сувенири. Работилницата е дел од проектот Унапредување на човекови права и заштита на малцинства во Југоисточна Европа.

Целта на проектот е да се пренесе српската култура, односно фолклорот, музиката, јазикот, традицијата. Како што е предвидено во проектот, работилницата ќе се користи за производство на носии за потребите на членовите на Културно уметничкото друштво Српски вез, огранок Старо Нагоричане.

Првиот настап во новите носии кои што ќе бидат произведени во работилницата, е планирано да се случи на 5-ти мај..

Инаку во план е да се отвори и работилница во Младо Нагоричане, во која ќе се изработуваат сувенири, кои ќе служат за промоција на српската култура.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)