Работилница „Креативно пишување, хаику и сенрју“

„Креативно пишување, хаику и сенрју, е насловот на третата едукативна трибина на здужението Јустиција, која е во рамки на проектот  “Самодовербата и социјалната инклузија – предуслов за достоинствено стареење”. На работилницата присуствуваа пензионери од кумановското здружение.

-Целта ја постигнавме имаше добар интерес кај ученсниците кои се од Здружението на пензионери од Куманово и претпоставувам дека и тие се задоволни бидејќи она што е најважното во тие едукативно креативни работилници е да се мотивира оваа целна група односно луѓето од трета доба да создаваат, творат и излезат надвор од рамките во коишто се движат на своето семејство и да дадат свој придонес во општеството бидејќи и добата после 65-тата година е доба на креативност и она знаење и искуство што го имаат можат и треба да го пренесат на нашите помлади генерации- истакна Оливера Доцевска од здружението Јустиција.

Работилницата ја водеше поетесата, Елена Пренџова која истакна дека е задоволна од интересот на учесниците.

-Ова е проект што ја поттикнува креативноста и ресоцијализацијата на личностите од третото доба и претствуваше креативна работилница преку стилски вежби за пишување ќе ги поттикнеме нивните ментални капацитети и способности така што работевме хаику една подваријанта санриу но ми беше многу драго што произлегоа многу креативни творби од оваа работилница особено имаше многу голема доза на хумор а тој е секогаш важен за личноста на еден човек во оној дел каде што го пишувавме хумористичното хаику-посочи таа.

Здружението Јустиција и Здружение на пензионери Куманово, неодамна потпишаа Меморандум за соработка во насока на реализација на проектните активности со заедничко учество и соработка во реализацијата на проектот .

-Овој пат стануваше збор за креативна работилница, креативно пишување во кое 20-ина наши членови главно љубители на убаво пишаниот збор кои творат се докажале како плодни творци, учествуваат на оваа работилница и со свои творби она што посебно треба да радува бидејќи професорката ни зададе се работи за креативна работилница, пишувавме хаику и навистина сум задоволна од она што пензионерите на денешната работилница-нагласи Јасмина Тодоровска, Здружение на пензионери.

До крајот на проектот е планирано да се спроведат осум работилници, кои исто како и претходните ќе бидат во соработка со Здружението на пензионери. Проектот се спроведува на ниво на државата, во сработка со Црвениот крст и мрежата Инклузива М и здружението Хуманост од Скопје.

 

Коментари

коментар(и)