Работилница на тема „Куманово палета на различни култури“

Во рамки на проектот Повеќе култури-повеќе вредности, денеска се одржа прва креативна работилница насловена Куманово палета на различни култури, кој го имплементираат Здружението Цивис во партнерство со телевизија Плус. Целта на работилница е да се вклучат младите во промоција на културните и историските вредности, односно да се придонесе за подобро разбирање и мултикултурно живеење во градот. Истиот е дел од проектот Различноста е во мода, промоција на мултикултурализам на локално ниво, спроведуван од Асоцијација за демократски иницијативи, во партнерство со мултиетничкото здружение Флоренс Најтингел и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

-Во текот на мај ќе се одржат уште две креативни работилници на кои младите преку заедничко дружење и соработка ќе се обидат да ги надминат стереотипите и предрасудите кои што ги имаат кон другите етнички заедници кои живеат во градот. Во проектот се вклучени младите етнички заедници Македонци, Албанци, Роми, Срби и учествуваат ученици од основните и средните училишта во градот-истакна Анета Јордановска претседател на Здружението Цивис.

Проектот кој што е обезбеден од Европската унија ќе се имплементира шест месеци.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)