Работна посета на Љупчо Николовски, на Општина Куманово

Денеска во посета на Општина Куманово беше заменик на Претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. На работната средба беше разговарано на теми во делот на транспаретно работење на Општина Куманово. Општината е во групата на најтранспаретни Општини во државата беше заклучено на средбата, и ќе продолжи да работи во борбата против корупција на сите нивоа, со взаемна соработка помеѓу институциите. Единствена цел е граѓаните целосно и во најкус можен рок да ги добијат потребните услуги од Општината, а воедно и да имаат целосен увид во делот на работењето на општинските јавни претпријатија, институции и служби.

Коментари

коментар(и)