Различни етнички заедници го одбележаа Бадник

Средното техничко училиште Наце Буѓони денеска беше домаќин на прославата Празниците зближуваат, по повод христијанскиот празник Бадник.

На прославата присуствуваа ученици од различни етнички заедници, претставници на МПЦ, општината, основни и средни училишта, полициски службеници.

Пред присутните се обрати претставникот на кумановско-осоговската епархија, отец Игор Здравковски кој зборуваше за значењето на Бадник, но и за целта на ваквите прослави.

Манифестацијата е во рамки на проектот „Безбедни училишта“ кој го спроведува отсекот за превенција при СВР Куманово.

-Секоја година по традиција со училиштата сега со средното техничко училиште Наце Буѓони, СВР Куманово по повод Бадник ја организира манифестацијата. Православните обичаи ги покажуваме на другите заедници што се во нашето општество, на помладите генерации да им пренесеме кои се нашите обреди, поблизу да се запознаат со верата и традицијата а воедно тоа е и  наша програма, кога учествуваа и другите националности исто така отсекот за превенција при СВР Куманово организира такви одбележувања по повод и други празници. Воедно користам прилика на православните граѓани да им го честитам Бадник и божиќните празници-нагласи Стојанче Величковиќ, началник на СВР Куманово.

Директорот на училиштето Наце Буѓони, Драган Јаневски се надева дека и во иднина ќе бидат домаќини на вакви манифестации. Тој заедно со началникот на СВР Куманово, засадија дрво во дворот на училиштето, кое симболизира соживот и почитување на верата и обичаите.

-Нашето училиште е по трет пат домаќин на оваа манифестација Празниците зближуваат и уште 2012 нашите ученици, тим за безбедност беа иницијатори на една ваква манифестација и до денес продолжуваат овие активности за надминување на разликите помеѓу младите. Верувам дека ќе продолжиме и понатаму со оваа манифестацијата-нагласи тој.

Целта на проектот „Безбедни училишта“ е запознавање на културата и обичаите на различни етнички заедници, а воедно и спречување на меѓуетничката нетрпеливост и нетолеранција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)