Различни етнички заедници го одбележаа Курбан Бајрам

Средното училиште Наце Буѓони со настава на албански јазик денеска беше домаќин на прославата Празниците зближуваат за Курбан Бајрам. На истата присуствуваа ученици од различни етнички заедници, претставници на Исламска верска заедница, Македонската православна црква, општината, советот, основни и средни училишта, полициски службеници. Пред присутните се обрати претставникот на кумановската муфтија, Мухамед Јашари кој зборуваше за целта на празниците.

 
-Главна порака на нашата средба е дека верата произведува толеранција, соработка, затоа ние покажуваме дека знаеме да живееме заедно. Исто како и православните празници и Курбан Бајрам го покажува истото за тоа сме соберени денеска. Во свое лично и во име на муфтијата од Куманово ви го честитам празникот Курбан Бајрам, и посакувам овој и сите други верски празници да ни служат за толеранција и соработка-истакна тој.

 
Манифестацијата е во рамки на проектот „Безбедни училишта“ кој го спроведува отсекот за превенција при СВР Куманово.  Директорката на Наце Буѓони со настава на македонски јазик, Лидија Михајловска на верниците од исламска вероисповед им посака здравје, среќа и успех.

 
-Ги почитуваме вредностите и на Македонците, Срби, Албанци, на сите, ние сме едно од училиштата кое негува верска толеранција рамноправност и соживот. Ние сме пример за добра меѓуетничка соработка впрочем мора да ги следиме патиштата на Советот на општина Куманово и сакам да истакнам дека Советот е пример за работа на цела Македонија, ние го следиме нивниот пат и патот на локалната самоуправа-нагласи таа.

 
Целта на проектот „Безбедни училишта“ е запознавање на културата и обичаите на различни етнички заедници, а воедно и спречување на меѓуетничката нетрпеливост и нетолеранција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)