Ракометарите на Куманово го завршија есенскиот дел во првата б лига на третото место со 5 победи и 2 порази. На последниот турнирски систем на натпреварување поради корона кризата екипата забележа победа и пораз. Во првиот натпревар Кумановскиот состав имаше лесна задача и славеше убедлива победа над Македонија Ѓорче Петров со 32 -24. На оваа средба во победничкиот тим на Куманово одличен беше Давид Цветковски со 11 голови.
Во вториот и многу поинтересен дуел против екипата на Ракометна академија МЕталург Куманово загуби со тесен резултат 26-25. Во текот на целиот натпревар се водела голема борба, но на крајот составот од Скопје славел минимална победа.
Во екипата на Куманово подобри од останатите беа ДАвид Цветковски со 7, а Денковски и Спасиќ постигнаа по 4 голови.
Во првенството настапува пауза која ракометарите на Куманово ќе ја искористат за добри подготовки за пролетниот дел и остварување на главната цел пласман во супер лигата.
Марјан Стошевски