Ракометарките славеа против Металург

Ракометарките на Куманово во дербито во Скопје славеа убедлива победа над директниот конкурент Металург во Скопје со 30-23. Во најважниот натпревар во есенскиот дел нашите ракометарки прикажаа одлична игра во текот на целиот натпревар и на крајот славеа заслужена победа.

Дербито во Скопје само во воведните моменти беше интересно, но од средината на првиот дел па до крајот екипата на Куманово имаше сигурно водство.

Целата екипа делуваше одлично на теренот и во нападот и одбраната, а прикажаната игра во Скопје потврди дека Куманово оваа сезона ќе нема сериозен конкурент за титулата иако до крајот има уште многу натпревари.  Тренерот Краљевски и неговите соработници за дербито против Металург подготвија одлична тактика која раакометарките во целост ја спроведоа на теренот на најдобар начин.

На овој натпревар ракометарките  беа на висината на задачата, а најефикасни во победничката екипа беа Јанкуловска со 7, Боризовска постигна 6 и Трајковиќ 5 голови. Одлична на голот на КУманово беше Митровиќ која блескаше со 16 интервенции.

Во недела Куманово е слободно, а следниот меч ги очекува во петок против екипата на Вардар.

Марјан Стошевски

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)